“Наместо портите на рајот, ги отвара портите на пеколот!“ – конкурентот на ‘султанот’ од добронамерен ‘дедо’ се претвори во ‘воинствен кавгаџија’: “Ќе ги пратам сите дома!“
Кога во неделата пристигнаа првите резултати од турските претседателски избори, нешто се смени кај Кемал Киличдароглу. Мирниот и ладнокрвен кандидат преку ноќ стана повеќе сличен на неговиот главен противкандидат Реџеп Таип Ердоган.
Наместо пораки за љубов и единство, Кемал Киличдароглу насилно започна кампања против бегалците.
„Намерно донесовте повеќе од десет милиони бегалци во оваа земја. Ќе ги испратам сите бегалци дома“, порача Кемал Киличдароглу во говорот минатата недела, обраќајќи му се директно на Реџеп Таип Ердоган.
Обединетите нации проценуваат дека во Турција има околу четири милиони бегалци, главно Сиријци и Авганистанци. Кемал Киличдароглу, менувајќи ја својата јавна личност од добронамерен „дедо“ во „воинствен оратор“, покажува дека брза да ги освои гласовите на ултранационалистите пред вториот круг од претседателските избори на 28. мај.
Во првиот круг нешто повеќе од 49 отсто од гласачите гласаа за Реџеп Таип Ердоган. Кемал Киличдароглу доби поддршка од 45 отсто од гласачите, а околу пет отсто од гласачите го поддржаа и третиор кандидат на изборите, ултранационалистот Синан Оган.
„Кемал Киличдароглу водеше кампања ветувајќи дека ќе ги отвори портите на рајот. Сега тој вели дека портите на пеколот мора да се затворат. Кога политичарите во Турција не успеваат во она што го наумиле или им требаат брзи резултати, тие играат на картата на национализмот“, изјавил Кемал Чан, новинар и писател, за Financial Times.