НАПАЃАЧОТ “КРВАВАТА ГОЗБА“ ЈА ЗАПОЧНАЛ ПРВО ДОМА !? Објавени нови детали за масакарот во Прага: Убиецот прво си го убил својот татко, а потоа започнува вистинскиот хорор

Убиецот од Прага, кој во масакрот на Филозофскиот Факултет уби 10 луѓе и рани најмалку 24, пред крвавиот поход го убил својот татко во нивниот дом.

Според полициски извор, убиецот од Прага бил Чех, студент по историја со ментални проблеми. Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа таму поставил рачно изработена бомба на телото.

Прага, Чешка

Потоа монструмот отишол на Филозофскиот Факултет со оружје во рака. Според достапните фотографии и видеа, најверојатно се работи за автоматска пушка.

Полицајците во Бохемија објавија потрага по млад човек поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Тие не исклучуваат поврзаност на овој случај со денешното пукање во Прага. Сега се проверува идентитетот, соопштува полицијата. Според потпаролот на службите, полицијата започнала потрага по маж роден 1999 година во врска со насилна смрт на маж роден 1968 година.

Истрагата е во тек“, велат од полицијата.

Меѓу студентите на Филозофскиот Факултет на социјалните мрежи кружи информација дека напаѓачот денеска го убил својот татко. Моника Новакова, портпаролка на Централната чешка спасувачка служба, потврди дека околу 13 часот спасувачите интервенирале кај Кладно поради починато лице, а на местото на настанот бил повикан и судски вештак.

Да потсетиме, по злосторството, убиецот се самоубил пукајќи во себе, а потоа паѓајќи од зградата.

Убиецот е елиминиран! Целата зграда моментално е во процес на евакуација и има неколку десетици мртви и ранети“, соопшти полицијата во врска со пукањето на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“.

Според локалните медиуми, напаѓачот паднал од зградата и починал, а пред тоа се застрелал, според непотврдени информации на сведоци.

Студентите споделуваат информации на Интернет дека луѓето се затворени во училниците или во библиотеката и дека се евакуираат и ученици од околните згради во центарот на Прага.