Народно верување: Девојки, на Бадник почитувајте го овој обичај и дознајте кој маж ви е наменет

Голем дел од нашата традиција е поврзана со Божиќните празници. Сепак, она што можеме да го забележиме е дека повеќето од овие обичаи се засноваат на повикување среќа, љубов и здравје во нашиот дом, но и избегнување на неколку работи кои можат да ја нарушат истата среќа.

Стариот обичај да се внесе слама во домот на Бадник симболично ја оживува сцената на Христовото раѓање во слама. Меѓутоа, нашиот народ има посебен однос кон овој ритуал, а има многу обичаи кои зборуваат за тоа што треба и што не треба да се прави на оваа вечер.

слама.jpg

Еден од тие обичаи говори за тоа дека сламата не треба да се гази со боси нозе, па затоа повеќето домаќини главно носат чевли или чорапи. Кој ќе го прекрши ова правило ќе чувствува болка во нозете цела година.

Бидејќи Божиќ е празник на љубовта и раѓањето, неколку обичаи се поврзани токму со љубовта, а во некои делови на Македонија се верува дека на овој ден може да се предвиди личноста која е предодредена за целиот наш живот.

Токму затоа девојчињата и момчињата имаат навика да спијат на божиќна слама , бидејќи се верува дека оној за кој сонуваат таа ноќ ќе биде токму личноста со која ќе се венчаат.