Народот масовно излегува на улиците: По Франција, гневен бран на лут народ зафати уште една земја од ЕУ!
Демонстрантите излегоа на улиците на Лисабон барајќи зголемување на платите и пензиите и ограничување на цените на храната. Најголемиот португалски синдикат CGTP, кој ги организираше демонстрациите, бара платите и пензиите веднаш да се зголемат за најмалку 10 отсто и бараат од португалската влада да ја ограничи цената на основните прехранбени производи, пренесува Ројтерс.
Пола Гонсалвес (51), која работи во металната индустрија и која учествува на демонстрациите, рече дека тие протестираат против ниските плати и дека бараат повеќе правда за работниците.
Ана Амарал (51), административен работник во болницата вели дека цените во супермаркетите секојдневно растат и дека е неопходно да се воведе лимит за цените на намирниците.
Португалскиот министер за финансии Антонио Коста Силва во петокот го отфрли воведувањето на такви ограничувања, тврдејќи дека пазарот сам ќе ги регулира цените.
Повеќе од 50 отсто од португалските работници заработуваат помалку од 1.000 евра месечно, а минималната плата е 760 евра. Инфлацијата за февруари е 8,2 отсто, а за јануари 8,4 отсто, додека цените на непреработената храна како овошјето и зеленчукот во истиот период пораснале за 20,11 отсто, наведува Ројтерс.