Наследникот на Роналдо дебитираше во дресот на Ал Наср: Георгина горда на својот син, веднаш се пофали на Инстаграм! (ФОТО)

Најстариот син на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор (13), во петокот дебитираше за тимот до 15 години на Ал Наср.

Кристијано, кој од доаѓањето на Роналдо во Саудиска Арабија тренира со своите врсници од Ал Наср, пред неколку дена и официјално стана нов тимски играч, а сега го одигра првиот натпревар за саудискиот клуб.

Ал-Наср се пофали со засилувањата и објави неколку фотографии од наследникот на Роналдо на социјалните мрежи, а избраничката на Кристијано, Георгина, во живо го следеше натпреварот со децата.

Георгина објави неколку фотографии на Инстаграм со коментар: „Горда мама“.