НАТО ИТНО ГИ ИСПРАЌА СВОИТЕ БОРБЕНИ ЛОВЦИ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА – Ситуацијата драстично се вжештува околу Балтичкото Море
НАТО денес објави дека ги засилува патролите во Балтичкото Море по неодамнешните инциденти поврзани со подводната инфраструктура во регионот.
„Зголемените мерки вклучуваат дополнителни извидувачки летови, вклучително и поморски патролни авиони и беспилотни летала. Дополнително, во тоа подрачје се испраќаат и четири ловци на НАТО“, се наведува во соопштението на Алијансата.
Вршителот на должноста портпарол на НАТО, Дилан Вајт, вели дека НАТО продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и останува во близок контакт со партнерите во Естонија, Финска и Шведска.
„НАТО ќе продолжи да ја прилагодува својата поморска позиција во Балтичкото Море и ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги задржи сојузниците безбедни“, вели Дилан Вајт.
Гасоводот и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Естонија беа прекинати на 8. октомври во, како што веруваат финските иследници, намерна саботажа.
Според локалните медиуми, финската Влада смета дека Русија е одговорна за саботажата.