НАТО СЕ ПРИПРЕМА ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА !? Сергеј Шојгу предупредува на зголемени воени маневри: “Во близина на нашата граница има 360.000 војници на Алијансата!“
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, денес изјави дека сега должината на копнената граница меѓу Русија и членките на НАТО е речиси двојно зголемена.
„Заканите за руската воена безбедност се многукратно зголемени“, изјави Сергеј Шојгу, пренесуваат руските медиуми.
Меѓу другото, тој тврди дека има 360.000 војници во близина на границите на Русија и Белорусија.
„Заканите за воената безбедност на Руската Федерација се зголемени повеќекратно во западните и северозападните стратешки правци“, рекол тој на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.
Првиот човек на Министерството за одбрана на Русија го нарече влезот на Финска во НАТО, а потенцијално и на Шведска – како „дестабилизирачки фактор“. Тој изјави дека сега должината на копнената граница меѓу Русија и членките на Северно-Атлантската Алијанса е речиси двојно зголемена.
Сергеј Шојгу укажа на можноста за распоредување воени контингенти и ударно оружје во близина на границата со Финска, способно да погоди објекти во северозападниот дел на земјата на значителна длабочина.
Сергеј Шојгу го информирал колегиумот дека група од 360.000 војници се собрале во земјите од Источна Европа, во непосредна близина на границите на Русија и Белорусија.
„Со вооружените сили на источноевропските земји, во непосредна близина на границите на Русија се распоредени околу 360.000 војници, 8.000 оклопни возила, 6.000 артилериски системи и минофрлачи, 650 авиони и хеликоптери. Бројот на формации на нерегионални држави од северноатлантскиот блок се зголеми за 2,5 пати од февруари минатата година и надмина 30.000 луѓе“, тврди Сергеј Шојгу.