НАТО ЈА “ПРЕДИЗВИКА“ РУСИЈА НА НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ ? Се подготвува сериозна реорганизација на трупите на руската Армија !?
Врховниот командант на руската морнарица, Николај Евменов, изјави дека на среден рок во Русија ќе бидат формирани пет дивизии и една бригада на поморска пешадија.
„Со цел зголемување на борбените способности на поморската пешадија, како посебен огранок на морнарицата, на среден рок се планира реорганизирање на постоечките пет поморски пешадиски бригади во флотите во поморски пешадиски дивизии и поморски пешадиски полк на Касписката флотила – во бригада“, изјави Николај Евменов во интервју за еден руски весник.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, во декември 2022 година најави дека постојните поморски пешадиски бригади ќе се реорганизираат во дивизии.
Во согласност со указот на рускиот претседател Владимир Путин од 29. ноември 2023 година, бројот на руската Армија е зголемен за 170 илјади војници, на еден милион и 320 илјади војници.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека зголемувањето на бројот на припадниците на вооружените сили е последица на зголемувањето на заканите за Русија во врска со спроведувањето на т.н. „специјална воена операција“ и тековното проширување на НАТО.