“НАШЕТО ОПШЕСТВО ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВИ!“ – Командантот на Армијата на Холандија со порака до нацијата: “Русите разбираат само еден јазик“

„И холандската Армија и општеството како целина мора да се подготват за можноста за војна со Русија“, посочи денес генерал-полковник, Мартин Вијнен, командант на Кралската холандска Армија.

Нашето општество треба да се подготви за ова“, изјави за The Telegraph во интервју објавено во четвртокот.

Мартин Вијнен вели дека Холандија треба да ги следи примерите на земји како Шведска, Финска и балтичките земји. Оние земји кои се граничат со Русија или се блиску до неа, се подобро подготвени за избувнување на војна.

Холандија треба да научи дека целото општество мора да биде подготвено кога работите ќе тргнат наопаку“, изјави тој за споменатиот весник.

За цивилите, тоа значи дека треба имаат на залиха подготвена храна и вода за пиење за итни ситуации.

Холандија не треба да мисли дека безбедноста ни е загарантирана бидејќи сме оддалечени 1.500 километри“, вели тој.

Мартин Вијнен предупреди дека Русија станува посилна и дека е потребна силна Армија како одвраќање.

Има само еден јазик што Русија го разбира, а тоа е јазикот на силна Армија“, нагласува тој и додава: „Затоа, важно е да се елиминира недостигот од персонал во Армијата“.

Мартин Вијнен има големи очекувања за младинската волонтерска година, која беше моделирана по слична програма во Шведска. Во нејзе учествуваат околу 600 млади луѓе, но Мартин Вијнен се надева дека ќе привлече две до три илјади млади луѓе секоја година, од кои една третина најверојатно ќе изберат кариера во Армијата, а една третина да станат резервисти.

Мартин Вијнен ја напушта својата воена улога за да стане генерален директор на Rijksvaterstat, инфраструктурната агенција која е дел од Министерството за инфраструктура и водостопанство. Тој ја презема новата функција на 1. јануари.