Најавена средба на шефовите на дипломатиите на Јордан, Саудиска Арабија, Египет и режимот на Асад од Сирија
– Шефовите на дипломатиите на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак и Египет утре во Аман ќе се сретнат со министерот за надворешни работи на сирискиот режим на Башар ал-Асад.
Министерството за надворешни работи на Јордан соопшти дека ќе биде домаќин на разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на четирите арапски земји со сирискиот министер Фајсал Микдад.
Истакнато е дека состанокот е продолжение на консултативната средба на земјите од Заливскиот совет за соработка, на која се сретнаа претставници на Јордан, Ирак и Египет во Џеда на 14 април годинава.
Хусам Зеки, заменик-генерален секретар на Арапската лига, изјави дека се очекува одржување на 32. Самит на Арапската лига во Саудиска Арабија на 19 мај 2023 година.