НАЈГОЛЕМА КРАЖБА НА ПОДАТОЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД – Поранешен вработен во ЦИА осуден на 40 години затвор за “продажба“ на доверливи информации
Поранешен софтверски инженер на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) е осуден на 40 години затвор за извршување на најголемата кражба на доверливи информации во историјата на агенцијата и поседување детска порнографија.
Американскиот окружен судија Џеси Фурман го осуди на 40 години затвор поранешниот софтверски инженер за „шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, лажење на ФБИ и детска порнографија“.
Обвинителите побараа доживотен затвор.
Џошуа Шулте е прогласен за виновен од јули 2022 година за шпионажа, компјутерско хакирање и лажење на агентите на ФБИ, откако тој доставил доверливи материјали на WikiLeaks во протекувањето на „Ваулт 7“.
WikiLeaks почна да објавува материјали во март 2017 година за тоа како ЦИА ги надгледувала странските влади, наводните екстремисти и други, компромитирајќи ја нивната работа.
Обвинителите ги опишаа дејствијата на Џошуа Шулте како најголемото нарушување на доверливоста во историјата на ЦИА, а испраќањето украдени информации до WikiLeaks е едно од најголемото неовластено откривање доверливи информации во историјата на САД.
Претставник на Џошуа Шулте не беше веднаш достапен за коментар на барање од странските медиумски агенции.
Обвинителите исто така рекоа дека Џошуа Шулте добил илјадници фотографии и видеа од детска порнографија, а материјалот бил пронајден во неговиот стан на Менхетен во шифриран трезор на три нивоа додека ЦИА го истражувала истекувањето.