Најголемиот хит на Рада Манојловиќ не бил намемет за неа! Пејачката откри непознати детали: Таа песна е направена за мене! (фото)
Пејачката Рада Манојловиќ се прослави со песната „Nikada više“, а малкумина знаат дека овој хит не бил наменет за неа.
Имено, песната „Nikada više“ била напишана за Ивана Шашиќ, но откако имала приватни проблеми, таа ја препуштила на помлада колешка која се прослави по таа песна.
– За мене е напишана таа песна (Драган Брајовиќ) и таа песна се појави кога го родив мојот прв син, каде што имав здравствени проблеми. Во тој момент му реков на Браја дека нема да снимам ништо – рекла во една прилика Ивана.
Според неа, песната ја направила Манојловиќ ѕвезда.
– Таа песна отиде кај Рада Манојловиќ и од неа направи ѕвезда. Секогаш ја имаш таа приказна во животот „не за кого е речено туку за кого е печено“ – заклучила тогаш.
Да потсетиме, Рада својата музичка кариера ја започна во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а потоа продолжи да постигнува уште успеси, а сега е една од најпопуларните пејачки.