Актерката Шерон Стоун (67) деновиве слави роденден и изгледа одлично – многумина заклучуваат дека годините не ја промениле.
Шерон Стоун го слави роденденот на 10-ти март, а по тој повод фановите се потсетија на нејзините најжешки изданија на големото платно.
Најпозната е по улогата во филмот „Основен инстинкт“ од 1992 година, кој и донесе светска слава. Таа сними незаборавни жешки сцени со Мајкл Даглас. Неколку години подоцна, во 1995 година, таа играше фатална заводничка во филмот „Казино“.

Шерон Стоун и денес е жешка, во седмата деценија, и често блеска во неверојатни модни изгледи на црвениот тепих. Таа неодамна блесна на доделувањето на наградите Златен глобус.
Актерката е позната по својата отвореност кога зборува за трагедии од личниот живот. Во нејзиниот личен живот, Шерон се соочи со многу предизвици, вклучително и голема операција на мозокот во 2001 година, која ја преживеа и успеа да се справи со последиците. Имала и неколку неуспешни бракови. Таа има три посвоени деца и денес се фокусира на кариерата, семејството и работата за различни хуманитарни организации.