“НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО!“ – Трамп го шокираше светот со неговиот предлог за крај на војната: “Има делови од Украина каде што зборуваат руски, нели ?“
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп навести дека ќе ја заврши војната во Украина со „договор“ што ќе вклучува предавање на делови од Украина на Русија, пишува The Telegraph.
Трамп посочи дека тоа би било „најлошото сценарио“ со кое би се согласил, но исто така кажа дека рускиот претседател Владимир Путин немал да ја нападне Украина доколку тој се уште бил во Белата куќа.
„Тие ја нападнаа Грузија за време на мандатот на Џорџ Буш, а Крим во времето на Барак Обама. И сега под Џо Бајден земаат се. Изгледа дека ќе земат се, тоа им е целта, одат на се, ми се чини“, изјавил Трамп за време на гостувањето во радио емисијата на американскиот политички коментатор Шон Ханити, инаку поддржувач на Трамп а исто така е познат и како теоричар на заговори.
-„А во времето на Трамп ? Знаеш што земаа ? Ништо. Не презедоа ништо. Путин разбра. Тој не би го направил тоа“, додаде поранешниот американски претседател.
„Тоа е се без никаков договор. Можев да преговарам. Во најлош случај, би можел да се договорам да земат нешто, има делови од Украина каде што зборуваат руски, нели ? Сепак, успеавме да постигнеме договор тогаш. Украина во моментов е срамнета со земја“, тврди Трамп.
Трамп постојано изјавува дека руската инвазија на Украина немаше да се случи доколку тој победеше на претседателските избори во 2020 година. Поранешниот претседател изјави и дека војната во Украина ќе ја заврши за најмногу 24 часа кога започна.
Коментарите на Трамп доаѓаат откако претседателот на Претставничкиот дом на САД, републиканецот Кевин Мекарти, ја одби поканата од украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојде во Киев. Зеленски кажа дека патувањето можеби би ги променило ставовите на Мекарти за воената помош што САД и ја испраќа на Украина.
„Ќе продолжам да добивам извештаи. Не треба да одам во Киев за да знам како е таму. Мојот став отсекогаш бил дека никому нема да дадам бланко чек за ништо“, изјави Мекарти.