Еден од официјалните лица изјавил дека е ангажирана антитерористичката единица на полицијата поради сомневање дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.
Експлозијата предизвикала голема материјална штета во станбена зграда во областа Ампелокипи, јавува Ројтерс.
Пожарникарите ја евакуирале повредената жена и ја пренеле во болница.
Според грчкиот портал Прототема, тешко повредената млада жена ѝ е позната на полицијата од порано.
Во истрагата е пронајден пиштол со девет куршуми, кој е предаден во форензички лаборатории за да се утврди дали е употребен во кривично дело.