Најмалку една жртва во пукање во Атланта

– Најмалку едно лице е убиено, а три се хоспитализирани по пукање во медицински центар во американскиот град Атланта, соопшти локалната полиција.

Осомничениот за нападот сè уште е во бегство.

Локалната полиција соопшти дека жителите во областа каде што се случи нападот треба да останат внатре и да не излегуваат на улица затоа што постои сомнеж дека напаѓачот е вооружен и опасен.