Најмалку 11 лица загинаа во голем пожар во станбена зграда во Ханој, јави ДПА, повикувајќи се на виетнамски медиуми.
Повеќе од 50 луѓе се повредени и хоспитализирани во различни болници, меѓу кои и деца, пренесува порталот „Ви Ен експрес“. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Локалните власти соопштија дека околу 150 луѓе живееле во 10-катницата во областа Тан Ксуан. Не е јасно колкумина од нив биле во своите домови во моментот на пожарот.
Пожарот, кој најверојатно избувнал на првиот кат од зградата од сè уште неразјаснети причини, е изгаснат, а спасувачките тимови продолжуваат да ги пребаруваат урнатините.