НАЈМЛАДИОТ ПАТНИК НА ПОДМОРНИЦА НЕ САКАЛ ДА ОДИ НА ПАТУВАЊЕТО: Тетка му ја открива причината поради која се согласил

„Сулеjман чувствуваше дека не е во ред и не беше најсреќен поради идејата за патување до потонатиот брод Титаник, но го направи тоа за својот татко за Денот на таткото“, открива тетката на момчето Азмех Давуд за NBC News, додавајќи дека бил многу исплашен и против патувањето.

„Сулејман отиде како подарок на татко му за Денот на таткото. Тоа беше искуство за поврзување за нив двајца и сакаше тоа да биде многу возбудлива авантура за паметење цел живот.

Азмех вели дека другите патници кои загинаа во катастрофалната имплозија патувале од личен интерес, за разлика од 19-годишниот Сулеман. „Тие беа таму за свој интерес, Сулеман беше таму затоа што сакаше да се поврзе со својот татко на Денот на таткото“, накратко додаде таа.

„Колку и да звучи ужасно, мило ми е што знам дека мојот Сулејман не почувствува ништо. Тие само седеа и уживаа, а потоа одеднаш настана бум – готово. Немаа време ни да разберат што се случи“, рекла Азмех, опишувајќи го нејзиниот брат како „скапоцен ангел“ кој се интересирал за Титаник уште од неговата младост.