НАЈНОВИ ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ ОД СПЛАВОТ КОЈ СИНОЌА ПОТОНА ВО БГ: Полицијата пристигна за 7 минути! Очевидец тврди дека се започнало вака?!
Почна расправија, тепачка, конфликт со обезбедувањето. Потоа сите одеднаш почнаа да излегуваат од сплавот. Кога сите почнаа да се туркаат, сплавот почна да тоне, а мостот да пука. Сите почнаа да врескаат и да пливаат. Беше навистина морничаво…
Познатиот сплав „Картел“ во Белград синоќа почна да тоне и целосно се навали.
Пристапот до сплавот е целосно потонат, а дел од гостите низ црна темнина и ледена вода се упатија кон брегот. На видеото се слушаат мрморење, викање, пискање и врескање на девојките.
Над 30 млади лица се евакуирани од сплавот што потона синоќа, а двајца малолетници се пренесени во ВМА.
Според информациите, полицијата на сплавот „Картел“ пристигнала за 7 минути од повикот, а на терен се испратени сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итни случаи.
Евакуирани се повеќе од 30 млади луѓе, а само од чиста среќа нема сериозни повреди.
Десет малолетници биле згрижени на лице место и нивните родители дошле да ги земат.
Се започнало со дојава за тепачка на сплав, а имало и припадници на жандармеријата , речната полиција и 25 припадници на противпожарната бригада, кои интервенирале и ги извлекле оние кои скокнале во реката и се обиделе да испливаат до брегот од Сава.
Многумина скокнаа во водата за да допливаат до брегот.
-Забавата требаше да трае до два часа, не избркаа околу еден. Јас бев првиот што ме исфрлија од сплавот. Обезбедувањето не сакаше да ми каже зошто не избркаат. Избркале уште 10-тина луѓе, а потоа почнала расправија, тепачка, конфликт со обезбедувањето.
Потоа сите одеднаш почнаа да излегуваат од сплавот. Кога сите почнаа да се туркаат, сплавот почна да тоне, а мостот да пука. Сите почнаа да врескаат и да пливаат. Беше навистина морничаво – изјави синоќа очевидец.
Тој рече дека бил загрижен за неговите пријатели кои не биле достапни во моментот кога сплавот потонал.
Бевме 15-тина пријатели, со оглед на тоа што јас прв излегов, гледав што се случува, а кога почна да тоне, им се јавив на телефон, но сите беа недостижни. Бев навистина исплашен, мислев дека нема да излезе жив. Сепак, се заврши добро – додаде овој млад човек.