НАЈТЕШКАТА НОЌ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Израелската Армија утрово објави: “Го убивме организаторот на масакрот!“

Синоќа портпаролот на израелската Армија (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека Израел ќе ги прошири копнените операции во Појасот Газа.

Утринава израелската Армија ги објави деталите за своите операции во Појасот Газа.

ИДФ истакна дека воените авиони погодиле 150 цели, вклучително и дел од подземната мрежа на тунели на Хамас во северниот дел на Појасот Газа. Ова вклучува тунели, подземни „борбени простори“ и инфраструктура, се вели во извештајот.

Убиени се и неколку милитанти на Хамас, објави ИДФ.

Претходно, ИДФ соопшти дека израелските воени авиони го убиле првиот човек на воздухопловните сили на Хамас, за кој тврдат дека бил главен играч во планирањето на нападот на 7. октомври.

Во израелските воздушни напади е убиен шефот на воздухопловните сили на Хамас, кој бил вклучен во планирањето на нападот на 7. октомври“, соопшти ИДФ.

Асем Абу Ракаба бил одговорен за беспилотните летала, параглајдери, воздушно детектирање и воздушна одбрана на Хамас.

Тој беше вклучен во планирањето на масакрот во заедниците околу Појасот Газа на 7. октомври. Тој ги насочуваше терористите кои се инфилтрираа во Израел со параглајдерист и беше одговорен за нападите со беспилотни летала врз позициите на ИДФ“, се вели во соопштението кое утрово го пренесоа странските медиумски агенции.