„Најтешко ми е што немам сопствена куќа“: Тања Савиќ откри дека кога ја планира венчавката со Муки тоа им ги ремети плановите

Пејачката Тања Савиќ зборуваше за љубовта со 11 години помладиот партнер, како и за плановите за во иднина.

Тања Савиќ и пилотот Муки Бешиќ уживаат во својата љубов која повеќе не ја кријат од очите на јавноста, а момчето на пејачката го прифатија и нејзините синови со кои е во одлична врска.

Иако многу деца на разведени родители тешко ги прифаќаат своите нови партнери, Тања е среќна што пронашла човек кој знаел како да ги освои нивните срца.

– Муки ги разгали, умерено. Тој е само вистинскиот модел за нив, како треба да се однесува таткото кон своите деца. Тој има авторитет над нив, момчињата се на 12 и 13 години. Јас сум грижлива мајка, отсекогаш сум била  – рече Савиќ и додаде:

– Моите синови го викаат Муки, имаат свој татко. Тој е нивен пријател, се трудиме да им го подобриме животот.

Тања се осврна и на свадбата и проширувањето на семејството за кое сонува. Со оглед на тоа што ѝ претстои голем концерт, како и дека има нерешено станбено прашање, ова се првите работи што треба да ги реши пред да го каже судбоносното „да“ .

– Кога ќе го завршам албумот, Арена, тогаш ќе има свадба. Бидејќи немам сопствена куќа, немам свој двор, планирам да го направам тоа, кога ќе се средам, кога ќе наполнам 40+, тогаш ќе планирам и свадба. Само за здравје да служи. Би сакала мало девојче, би го сакала тоа,   – истакнала пејачката.

 

Тања откри каде живеат сега, и дека белградската арена е одамна закажана.

– Засега сме во станот. Кога ќе имам своја куќа, двор… Малку ми е смешно, но навистина немам куќа. Тоа ми е најтешко. Арената ќе биде таму, го знам датумот, но се уште не е објавен – истакна пејачката.