Најточниот неделен хороскоп од 21 до 28 октомври! Сезоната на Шкорпија носи среќни вести за 3 знаци

Се ближи сезоната на Скорпија (23 октомври), па полека но сигурно почнуваме да ги дознаваме работите кои требало да останат скриени. Меркур е веќе во овој знак, па сме во период кога тајните излегуваат на површина. Венера е во Стрелец, па припадничките на понежниот пол ќе бидат поотворени за нови познанства, флертување, но и планирање патувања во далечни земји.

Овен

Бизнис – Меркур во Шкорпија ви носи нови сознанија за деловен проект кој ве интересира, па ќе сфатите дека ништо не е како што изгледа. Може да се чувствувате мотивирани да ги завршите започнатите проекти, но и да започнете нови потфати.

Љубов – Венера во Стрелец ви носи патување со саканата личност, како и познанства со луѓе кои доаѓаат од странство. Слободниот Овен може да запознае личност која ќе ги привлече на прв поглед. Овенот во врска треба да внимава на комуникацијата , бидејќи можни се недоразбирања поради непромисленост.

Здравје – Послабо.

Бик

Работа – Венера во Стрелец ви дава попозитивна атмосфера на работното место. Ќе имате идеи за нови проекти како и соработка со странски компании. Бикот оваа недела ќе биде фокусиран на практични работи, како што се финансиите и стабилноста. Можеби ќе треба да донесете важни одлуки поврзани со пари или кариера.

Љубов – Во љубовта ситуацијата ќе биде стабилна, но може да почувствувате мала заситеност во долгите врски. Слободните Бикови ќе бидат поотворени за нови познанства и контакти. Ако сте во брак, партнерот ќе ве оптоварува со семејните односи .

Здравје – Подобрување.

Близнаци

Бизнис – Близнаците ќе бидат во нивниот елемент оваа недела, со многу нови контакти и идеи. Ќе бидете дружељубиви и расположени за нови познанства, кои можат да ви донесат важни деловни или лични можности. Вашата креативност ќе биде препознаена и можни се пофалби или дури и покачување .

Љубов – Во љубовта има незадоволство поради врската меѓу Јупитер и Сатурн. Тешка недела за нови познанства, па погледнете како да ги одржите постоечките врски на стабилна основа. Венера во седмата куќа може да ви донесе средби со личност која е позната на пошироката јавност.

Здравје – Добро.

Рак

Работа – Марс во вашиот знак силно ве турка напред, па и покрај постојаната исцрпеност, се трудите да останете доминантна фигура на работното место. Претстојната недела е креативна и вистинско време е да се изнајдат нови идеи кои ќе донесат резултати до крајот на годината.

Љубов – Во љубовта можно е да ги преиспитате односите со партнерот, но немојте да донесувате избрзани заклучоци. Венера во шестата куќа ви носи средба преку работа, а можеби дури и флерт со личност која работи со вас.

Здравје – Послабо.

Лав

Бизнис – Лавовите ќе бидат во центарот на вниманието оваа недела, но на начин на кој можеби не очекуваа. На работа ќе се појават можности кои бараат брза акција, а вашата одлучност ќе биде клучна. Сепак, внимавајте да не бидете премногу доминантни во разговорите со колегите.

Љубов – Во љубовта Лавовите ќе бидат страствени и отворени за нови авантури, кои можат да донесат освежување во постоечките врски или шанси за нови. Венера во петтата куќа носи ново познанство на место од јавен тип. Стрелецот ќе ви се допадне, додека Скорпиите ќе бидат комплицирани.

Здравје – Чувствително.

Девица

Работа – Нагласениот трет квадрат ви носи добри вести и нови преговори. Девиците ќе бидат особено организирани и ефикасни оваа недела. На работа, вашата посветеност и внимание на деталите ќе бидат наградени, а може да ви биде дадена нова одговорност или проект.

Љубов – Отворени сте за секаков вид комуникација , но и флертување преку пораки. Преку социјалните мрежи можни се нови познанства. Доколку имате партнер, не би било лошо да патувате неколку дена или да одите на патување во природа.

Здравје – подобро.

Вага

Бизнис – Венера во третата куќа треба да ја користите за преговори. Можно е да потпишете важен документ. Можете да го користите нагласеното второ поле на Шкорпија за да обезбедите поголема заработка. Можност за поголема заработка во наредниот период .

Љубов – Во љубовта Вагите ќе бидат шармантни и заводливи, а можни се нови романтични врски за оние кои се слободни. Сепак, бидете внимателни во донесувањето важни одлуки, бидејќи сте склони кон неодлучност. Венера во Стрелец носи зголемено флертување преку пораки, па можно е некој да ви изрази љубов.

Здравје – Послабо.

Шкорпија

Бизнис – Сезоната на вашиот знак носи позитивни промени на сите полиња. Ќе се покажете како добар организатор и одлично ќе процените на кого можете да се потпрете на работното место. На работа, можно е да преземете иницијатива во важни проекти, кои ќе ве стават во центарот на вниманието.

Љубов – Во љубовта ситуацијата ќе биде страсна, но и донекаде турбулентна, па обидете се да избегнете конфликти со партнерот. Расположени сте за нови предизвици и авантури, па од обичен познаник може да се роди голема љубов.

Здравје – Одлично.

Стрелец

Работа – Стрелците ќе бидат полни со енергија и желба за авантура оваа недела. Можеби ќе почувствувате потреба за промени, без разлика дали се работи за професионално или лично ниво. На работа вашата оптимистичка енергија ќе привлече нови деловни можности, а можни се и патувања или нови знаења.

Љубов – Венера во вашиот знак укажува дека ќе се разубавите. Ќе бидете еден од најубавите знаци во Зодијакот, па лесно ќе го освоите секој што ви се допаѓа. Ве очекуваат нови романси, но и можност да се заљубите.

Здравје – подобро.

Јарец

Работа – Јарците оваа недела ќе бидат особено фокусирани на своите цели и кариера. Во наредните денови ќе имате голема поддршка од пријателите на работното место. До 20 ноември ќе бидете во пресврт поради враќањето на Плутон во вашиот знак.  

Љубов – Можеби чувствувате дистанца во љубовта, но тоа не значи дека нема емоции – потребен ви е само одмор и простор за размислување. Слободните Јарци ќе бидат привлечени од луѓе кои ги споделуваат нивните амбиции.

Здравје – Добро.

Водолија

Работа – Водолиите оваа недела ќе се фокусираат на креативноста и иновативноста. На работа ќе имате можност да ја покажете својата оригиналност, што може да ви донесе пофалби од претпоставените. Марс во шестата куќа ве обзема со обврски, па често не успевате да постигнете се што сакате.

Љубов – Во љубовта ќе чувствувате потреба за слобода и нема да сакате некој да ве ограничува, но сепак одржувајте отворен дијалог со партнерот. Слободните Водолии ќе бараат личност која ги споделува нивните визии.

Здравје – Стабилно.

Риба

Работа – На работа ќе се појават можности за креативни проекти, а вашата фантазија ќе биде на високо ниво. Нагласената деветта куќа може да ви донесе обука или патување во друг град за работа. Курсеви, образование, студии, се што може да дојде во предвид во наредниот период.

Љубов – Во љубовта ќе бидете романтични и подготвени за нови почетоци , но обидете се да не ја идеализирате ситуацијата или личноста премногу. Венера во Стрелец услови флертување на работното место. Може да биде и личност која е ваш претпоставен.

Здравје – Добро.