На британскиот брод што потона во Црвеното море им 21.000 тони ѓубриво

 Британскиот товарен брод што потона во Црвеното Море по ракетниот напад на јеменските Хути претставува ризик за животната средина и поморскиот сообраќај, предупреди денеска американската команда за Блискиот Исток (Centcom).

Товарниот брод Рубимар под знаме на Белизе, регистриран во Велика Британија и со либански екипаж, потона вчера товар ѓубриво, откако беше погоден од два проектили на Хутите на 19 февруари.

Нападот не предизвика жртви меѓу екипажот.

– Околу 21.000 тони ѓубриво на база на амонијак, кое бродот го превезувал, претставува ризик за животната средина во Црвеното Море. Со потонувањето под површината, пловилото претставува и опасност поради можноста од судир со други пловни објекти кои минуваат низ фреквентните водни патишта на оваа поморска рута, се вели во соопштението на Центком.

Бродот бил напуштен откако бил погоден со проектили додека бил на 65 километри од југозападното пристаниште Мока во Јемен, според агенцијата за поморска безбедност УКМТО. Американската војска претходно објави дека ракетниот напад значително го оштетил бродот и предизвикал нафтена дамка долга 29 километри.