На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се потребни околу 20 минути

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива континуирано и по суви коловози.

Од таму потенцираат дека е зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини.

„На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се потребни околу 15-20 минути, додека на другите гранични премини нема долго чекање за влез и за излез од државата“, соопшти ЛАММ.

Од таму ги повикуваат возачите да внимаваат на брзината на возилата, особено по котлините во земјава каде може да има одрони.