На Роналдо му се заканува казна од милијарда долари: Дали Кристијано е дел од голема измама? За ова се товари
Познато е дека Кристијано Роналдо е еден од најуспешните спортисти кога е во прашање рекламирањето на познати производи и брендови.
Сепак, таков ангажман би можел скапо да го чини.
Неодамна, во Соединетите Американски Држави беше поднесено обвинение против „Binance“ , најголемата берза за криптовалути во светот. Обвинителите тврдат дека нивните клиенти инвестирале во „Binance” токму поради поддршката што на овој бренд му ја дава Роналдо. Како резултат на инвестицијата имаа само загуби, некои останаа без сè што имаа, па сега бараат обесштетување.
Роналдо влезе во соработка со Binance во ноември минатата година, кога оваа компанија ја објави првата CR7 колекција на незаменливи токени (NFT). Најевтиниот жетон од колекцијата CR7 чинеше 77 долари, додека неговата моментална цена, една година подоцна, е само 1 долар.
Обвинителите тврдат дека рекламирањето на Роналдо на „Binance“ му донело зголемување на каматата за 500 проценти.
Роналдо е обвинет и дека не открил колку бил платен за рекламирање, што морал да го направи според американските закони.
Затоа обвинителите бараат отштета од „сума што надминува“ милијарда долари (околу 910 милиони евра).
Роналдо и „Binance“ засега немаат објавено ништо за ова.