На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени тројца кандидати, предлозите доставени до Владата
На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ. Предлозите се доставени до Владата.
Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители.
Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.