Младата руска тенисерка Марија Тимофеева (20) пријавила дека крадци и украле 10.000 евра во Мадрид!
Убавата Марија не успеа да ги мине квалификациите за турнирот во главниот град на Шпанија, но тоа не е единственото нешто што и го расипало расположението!
Таа на социјалните мрежи објави каква непријатност доживеала, но се уште не се знае како е украдена.
Maria Timofeeva shares that she has been robbed while in Madrid; more than 10,000 euros have been spent from her account (purchases were made in the area where she’s staying) pic.twitter.com/ZfbZL91EV9
— Melanie Lautrup (@melanie_lautrup) April 25, 2024
– Во последните неколку дена додека бев во Мадрид некој потроши пари со мојата картичка и потроши околу 10.000 евра. Шокирана сум бидејќи не знам како може да се случи. Картичката ја имав цело време, освен еден пат кога ја оставив во хотелската соба додека чистев. Купувањата се направени овде, во приближно истата област на Мадрид. Обично за купување преку Интернет е потребен код за потврда, кој обично се испраќа на мојот телефон, но овојпат тоа не беше случај. Едноставно е лудо – изјави Тимофеева.
Убавата тенисерка, која некои ја нарекуваат наследничка на Марија Шарапова, годинава се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, а моментално е 99. тенисерка во светот.