Македонската царина соопшти дека царинските службеници на Меѓународниот аеродром во Скопје вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај државјанин на Македонија кој се симнал на лет од Австралија.
„Патникот избра зелен канал низ кој поминуваат патници кои немаат што да пријават. На прашањето дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема што да пријави, но при царинската проверка во багажот на патникот биле пронајдени непријавени часовници: еден рачен часовник „Радо“ и седум рачни часовници „Елит“.
Против патникот е поднесена прекршочна пријава за непочитување на царинските правила“, велат од Царината на Република Македонија.