На Шакира и се заканува осум години затвор !? Ќе треба да плати казна од 20 милиони евра, а еве што се крие зад се – латино-дивата во големи проблеми!
Заносната пејачка од Колумбија, чиј љубовен живот е во центарот на вниманието на светскиот печат откако раскина со поранешниот фудбалер Жерар Пике, наскоро ќе мора да се појави на суд во Шпанија.
Веста доаѓа само неколку дена откако Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа исто така беа на суд, каде што побараа забрана за приближување за едно лице поради постојано следење.
Сепак, проблемите на Шакира се од друга природа и се чини дека потенцијално би можеле да бидат многу поопасни за колумбиската ѕвезда.
Пејачката беше обвинета за затајување данок пред судот во Шпанија. Шакира, како што пренесуваат медиумите од оваа земја, наведуваат дека таа ги исполнила сите даночни обврски во Шпанија.
Доколку се докаже дека е виновна на суд, и се заканува казна затвор до осум години и парична казна од 23,8 милиони евра.
Некои медиуми тврдат дека доверливи извори им дале информации поврзани со одбраната на пејачката. Според овие информации, адвокатите на Шакира тврдат дека во периодот споменат во обвинението таа била без точно место на живеење поради својата работа.
Се наведува дека до 2015 година не живеела постојано во Шпанија и поради таа причина не можела да се третира како даночен жител. Пејачката тогаш наводно живеела во авион повеќе од кој било пилот.
Ѕвездата од Колумбија наведува дека почнала да ја посетува Барселона на прво место кога се заљубила во Жерар Пике во 2011. Таа изјавила дека покрај куќата што ја купила во Каталонија, има уште неколку куќи во Уругвај, Њујорк, Мајами, Колумбија и Бахамите.
Таа изјавила, според шпанските медиуми, дека Жерар Пике во еден момент од кариерата имал не баш одлични односи со тогашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.
Поради ова, таа размислувала и за купување имот надвор од Барселона, во зависност од тоа каде Жерар Пике би можел да ја продолжи кариерата. Рекла и дека преселбата во Шпанија била голема негатива за нејзината кариера, поради што на почетокот не сакала да дојде таму.