НБА го казни Далас поради намерно загубен натпревар

– Раководството на американската професионална кошаркарска НБА лига го казни Далас со 750.000 долари поради кршење на правилата за натпреварување.

Далас на последните два натпревари од регуларниот дел на сезоната одмораше неколкумина од своите клучни кошаркари, иако сè уште беше во можност да избори пласман во плејин. Тоа од челниците на НБА беше оценето дека тимот намерно ги загубил натпреварите за да ја поправи позицијата за претстојниот драфт.

Дополнителна отежнувачка околност за Далас беше и фактот дека во случај на пласман во плејинот својот избор на годинешната прва рунда на драфтот ќе мораше да му го препушти на Њујорк.