Неверојатната придобивка од еден од најпопуларните пијалоци: Чајот ги отстранува тешките метали од водата

Љубителите на чај можат да се релаксираат затоа што нивниот омилен пијалок не само што е освежителен, туку и листовите од чајот апсорбираат тешки метали како олово и кадмиум, покажа истражувањето на научниците од Универзитетот Нортвестерн во САД. Јоните на тешките метали се прикачуваат на површината на листовите од чајот и остануваат таму заробени, соопшти универзитетот.

– Не велиме дека сега секој треба да користи листови од чај како филтер за вода. Но, направивме експерименти со различни параметри за да ги разбереме научните принципи и феномени вклучени во фаќањето и ослободувањето на загадувачите. За оваа студија, нашата цел беше да ја измериме способноста на листовите од чајот да апсорбираат тешки метали. Со квантифицирање на овој ефект, нашата работа го откри непрепознатливиот потенцијал на чајот да помогне во намалувањето на внесот на тешки метали“, рече Винајак П. Дравид, професор на Универзитетот Нортвестерн и еден од авторите на студијата.

– Не сум сигурен дека листовите од чај се нешто посебно како материјал. Тие имаат активна површина, што е корисно својство за апсорпција на материјалите и ги прави овие листови добри за ослободување на вкусовите во водата. Но, она што е специфично за чајот е тоа што тој е најчесто консумираниот пијалок во светот – изјави Бенџамин Шиндел, првиот автор на студијата.

Истражувачите тестирале вода со различни количества олово и други метали како хром, бакар, цинк и кадмиум, а потоа сварил чај на различни начини. Некаде листовите беа во врела вода неколку секунди, некаде 24 часа. Тие тестирале различни видови чај – од зелен и црн до камилица – како и различни пакувања – од обични листови до пластични кеси.

Според студијата , тестирањето на самите кесички без листовите чај покажало дека памучните и најлонските кеси можат да апсорбираат само тривијална количина на загадувачи, додека кесичките од целулоза биле многу поефикасни. Кога станува збор за чајот, мелените лисја апсорбираат малку повеќе тешки метали од цели лисја.

– Секој чај што седи во вода подолго ќе отстрани повеќе тешки метали. Некои луѓе прават чај за неколку секунди, а во тој случај нема да има голема корист. Но, ако чајот се вари подолго време или преку ноќ, тој ќе го отстрани речиси целиот метал од водата, рече Шиндел.