НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО КЛУБ! Проститутки нокаутираа турист, па почна општа тепачка (ВИДЕО)

Џек Фицморис (28) од Велика Британија се забавувал со сексуална работничка во стриптиз клуб во Патаја, на истокот на Тајланд, но тоа ги вознемирило останатите девојки и настанала тепачка. Туристот наводно се обидел да ја смири ситуацијата, но расправијата ескалирала, а младиот човек се нашол пред 20 гневни жени.

Тепачката продолжила сè додека полицијата не пристигнала на озлогласеното место за забава што привлекува многу британски посетители. Џек бил пронајден претепан и со дамки од крв на неговата бела маица. За време на тепачката тој бил нокаутиран и морале да му помогнат да се крене од подот.

Ник Хоџ, турист од Велика Британија кој бил во барот, изјавил дека тепачката започнала кога две проститутки почнале да се тепаат поради клиент.

– ,,Мислам дека имаше љубомора за кој да го земе клиентот. Девојките се степаа, кутрото дете само се обиде да ги спречи и на крајот сериозно беше претепано. Се кубеа за коса и се клоцаа. Тогаш вработените во барот се приклучија и стана прилично гадно. Тоа беше како тепачка во кафеана во старите филмови за Дивиот Запад“, рече Хоџ.

Една од девојките кои ја иницирале тепачката, Сунара Тунгпрахон (35) се здобила со расекотини на усната и модринки на лицето.

-Дојде група од 20-ина луѓе, ме удираа со тупаници и клоци додека не интервенираше мојот британски пријател, а потоа и тој беше повреден. Не сакам да имам никакви проблеми со таа група на луѓе. Се плашам дека ќе биде опасно – изјави Тунгпрахон.

Полицијата сега ги проверува и ги испрашува вработените во барот и стриптизерите.

– Повеќето од инволвираните биле пијани, но тоа не е оправдување. Некои сведоци рекоа дека повредениот турист се обидел да побегне од барот, но персоналот го бркал и го нападнал – изјави Начапхол Саенгси од полициската станица Патаја.

Инцидентот се случи во моментот кога тајландските министри размислуваат да го продолжат работното време на ноќниот живот од 2 часот наутро до 4 часот по полноќ за да ја поттикнат туристичката економија во земјата.

Ноќниот живот во Патаја, познат како главен град на сексот во светот, стана чувствителна област поради штетата што градот често ја нанесува на угледот на земјата. Градот некогаш беше заспано приморско село, но во изминатите неколку децении се претвори во развратна дестинација за секс туризам каде локалните жени можат да заработат повеќе продавајќи се на Британците.