НЕВЕРОЈАТНО! Руски доктори успеале да го направат невозможното – Успешно го изавадиле куршумот од срцето на војникот кој бил застрелан од украински снајперист и му го спасија животот (видео)

Во Централната воена клиничка болница „Вишњевски“, воените доктори изведоа уникатна операција за извлекување куршум од срцето на војник кој бил ранет од украински снајперист на линијата на фронтот во Украина.

Војникот ја кренал левата рака а во тој момент снајперистот го погодил на место кое не било заштитено со панцири. Куршумот поминал низ левото белодробно крило и ја пробил левата комора. За среќа не ги оштетил главните артерии и крвните садови. Со оглед на тоа што е добро воспоставен системот на транспортирање на повредените од фронтот, војникот навреме бил пренесен во болницата и му била укажана помош“, изјавил началникот на центарот за кардиохирургија на болница „Вишњевски“, полковник од медицинската служба Александар Лишчук.

ВИДЕОТО ОД ОПЕРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ!

Операцијата за отстранување на куршумот се одржала во уникатната хибридна операциона сала на болницата.

Срцето е обновено, работата е добро завршена, пациентот ќе си замине утре“, вети Лишчук и истакна дека воените хирурзи на болницата, кои работат на линијата на фронтот, веќе извршиле повеќе од стотина слични операции за вадење куршуми на ранетите војници. Многумина од нив биле блиску до ткивото на срцето и во секој момент се заканувале дека ќе им го прекинат животот на ранетите војници.