НЕВИДЕН КОНФЛИКТ ВО САД – Се тресат темелите на целата нација: Тексас се заканува со отцепување !?

Во моментов Соединетите Американски Држави (САД) се соочуваат со сериозна уставна криза, а центарот на конфликтот е поставен на границата меѓу државата Тексас и Мексико. Гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, реши да постави бодликава жица на границата поради големиот број нелегални влезови. Сепак, Врховниот суд на САД нареди дека жицата мора да се отстрани. Грег Абот вели дека ќе се спротивстави на федералните сили доколку е потребно, поддржан од 25 други републикански гувернери кои се подготвени да му дадат воена поддршка на Тексас.

Оваа ситуација може длабоко да влијае на односите меѓу федералната Влада и државите и има потенцијал сериозно да влијае на изборната година на демократот Џо Бајден. Врховниот суд на САД нагласи дека федералната Влада има овластување да ја отстрани бодликавата жица, но Грег Абот вели дека ќе ја зголеми граничната патрола на државата.

Адвокатот за имиграција Хаим Вакез тврди дека сме сведоци на невиден граничен конфликт што ги тестира темелите на авторитетот на САД и на Врховниот суд.

слика
Импровизирана граница од контејнери и бодликава жица што го дели Рио Гранде од Тексас

Сегашната позиција води до конфликт меѓу федералната Влада и републиканските гувернери кои тврдат дека Тексас има право на самоодбрана.

Прашањето за илегалната имиграција, кое достигна кризна точка со рекордни 300.000 нелегални влезови минатиот месец, се очекува да има сериозно влијание врз политиката и претседателските избори.

Тексас, познат и како „бунтовник“ на САД, често се споменува во контекст на отцепување, а сегашниот конфликт може да ги обликува идните односи меѓу федералната Влада и државите.

Не ретко се споменува отцепување од оваа сојузна држава, а последен пат тоа се случи во декември. Тексас сецесионистите тогаш веруваа дека можат да победат.

Тексас националистите со години се залагаат за одржување референдум за отцепување на Тексас и покрај тоа што Уставот на САД не дозволува отцепување од државата. Тексас се отцепи од Мексико во 1836 година и помина девет години како своја нација пред да стане сојузна држава на Соединетите Американски Држави.

слика

Исто така, се отцепи од САД во 1861 година пред да биде повторно примен по завршувањето на Граѓанската војна во 1870 година.