НЕВИДЕН УЖАС ВО РУСИЈА: Чамец удрил во потопено дрво при евакуација од поплавено село ДЕТЕ ПАДНАЛО ВО МАТНАТА ВОДА (ВИДЕО)

Застрашувачка сцена е снимена во руската област Самара при евакуација со брод од потопено село!

Моторни чамци со жители евакуирани од делумно поплавеното село Полудни во саботата удриле во потопено дрво, по што девет лица се нашле во студена и заматена вода.

Една девојка ја снимила страшната сцена на својот телефон.

На видеото се гледа дека мештаните, меѓу кои и детето и неговата баба, за дел од секунда се нашле во вода. Некои успеале да се фатат за дрво додека детето и бабата завршиле во водата, а маж ги држел на површина . Мештаните ги спасило тоа што имале елеци за спасување.

Според каналот Телеграм на База, жртвите кои се давеле биле спасени само еден час подоцна.

Три лица побарале лекарска помош по потонувањето на моторниот чамец кој ги евакуирал луѓето од селото Полудни во Самара. – Тројца пациенти, меѓу кои и едно дете, моментално се под надзор на лекарите во болницата. Состојбата на пациентите е задоволителна – изјавиле за РИА од регионалното Министерство за здравство.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Властите наредија итна евакуација на локациите во регионот Оренбург, откако браната на реката Урал пукна во петокот доцна навечер.