– Австрија оваа година е зафатена со температури над сезонскиот просек. Во Кицбиел на австриските Алпи, еден од најдобрите скијачки центри во Австрија, недостигот на врнежи од снег се надополнува со вештачки снег кој ја „спасува“ скијачката сезона, известува Анадолу.
Глобалното затоплување во Кицбиел предизвикува намалување на снежната покривка во последните години.
Кицбиел е скијачки центар со меѓународно реноме и неговата скијачка сезона трае главно од средината на октомври до почетокот на мај.
Зимскиот центар Кицбиел го красат уредени падини и ски-патеки во должина од 233 километри на кои во зимските спортови уживаат и почетниците и професионалците. Ски-центарот Кицбиел е познат во светот и по меѓународниот натпревар Ханенкам што се одржува на патеката Штрајф, една од најтешките и најопасните ски-патеки на светот.