Некогаш ги красеше модните писти а денес гние зад затворските решетки! Ова е падот на поранешната мисица: Победуваше секаде, а сега шверцува вртоглава количина на дрога…
Поранешната англиска манекенка се соочува со 20 години робија во озлогласен мексикански затвор под сомнение за шверц на дрога, открива веб-сајтот Mail Online.
Џенифер Јанг била уапсена додека се обидувала да прошверцува кетамин вреден над 250.000 фунти (околу 290.000 евра) на аеродромот во Канкун, откако пристигнала од Амстердам во август минатата година.
На 33-годишната манекенка наводно биле пронајдени 13.080 килограми дрога скриени во пакетчиња и ампули во импровизираното лажно дно од куферот.
Џенифер Јанг, кој стана т.н „Мис Дерби“ на само 17 години, поминала со месеци во преполниот затвор во Канкун пред да биде префрлена во затвор во близина на Мексико Сити во февруари. Таа, наводно, ја криела својата ситуација од семејството повеќе од шест месеци, кажувајќи ѝ на нејзината мајка Анџела со скршено срце дека едноставно „патува низ светот“.
Сепак, мајката конечно ја дознала вистината пред само пет недели кога нејзината ќерка не успеа телефонски да и го честита роденденот.
Зборувајќи за Mail Online од нејзиниот дом во Дерби, Анџела кажала дека се уште е во шок.
„Знаев дека Џени е во Мексико, но мислев дека патува. Само што дознав дека Џени е во затвор… Роденденот ми е во март и каде и да сум во светот, тој ден ми се јавува Џени. Овој пат тоа не беше така, па се загрижив“, објаснила нејзината мајка.
„Тогаш добив порака од нејзината пријателка. Ја прашав каде е. После многу пораки, конечно ми кажа дека е во затвор. Не можев да поверувам“, рекла нејзината мајка која дури тогаш ја дознала целата приказна. Понатаму, Анџела Јанг за британските медиуми изјавила дека нејзината ќерка може да добие затворска казна од 20 години.
Јанг, која е родена во Германија, поминала голем дел од својот живот работејќи во странство како модел и туристички водич, откако го напуштила родниот град Дерби на 19-годишна возраст.
Во својот он-лајн профил, таа напишала минатата година: „Јас сум Џени, родена Берлинка, но и полуангличанка и течно ги зборувам двата јазика. Во моите 32 години на оваа планета, патував насекаде. Тоа е моја страст и тоа го сакам, но секогаш ме привлекува моето омилено место – Бангкок“.
За време на нејзиното затварање, Џени била посетена од британскиот конзул во Мексико. Се очекува тој да се сретне со адвокат оваа недела за да разговара за судењето и последиците за нејзиното дело.