Вчера во попладневните часови неколку малолетници биле пронајдени во бессознание во куќа во Скопје. Тие се пренесени на Клиниката за токсикологија.
„Полициските службеници од СВР Скопје денеска поднеле пријава за нарушен јавен ред и мир при што е констатирано дека во куќата на Д.Г.(40) биле пронајдени четворица малолетници од кои двајца биле во бесознание, кои консумирале алкохол и психотропни супстанци.
Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител кој излезе на местото на настанот се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.