“НЕМА ДА БИДЕМЕ РАЗЛИЧНИ ОД РУСИЈА, ТОЈ ПРАВИ ШТО САКА“ – Виталиј Кличко го нападна Володимир Зеленски и откри дека не зборуваат од почетокот на војната !?

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, кој својата професионална боксерска кариера во најголем дел ја изгради во Германија, изјави за неделникот Spiegel дека Украина се движи кон авторитарна Влада.

Kyiv Independent наведува дека со оваа изјава Виталиј Кличко упатил извртени критики до претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во одреден момент, ние веќе нема да се разликуваме од Русија, каде што сè зависи од претседателот на државата“, рекол Виталиј Кличко, мислејќи на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Kyiv Independent наведува дека Серхи Никифоров, портпаролот на Володимир Зеленски, не одговорил на коментарот на Виталиј Кличко.

Виталиј Кличко
Виталиј Кличко

Градоначалникот на Киев рекол и дека Украина е без лидер од првите месеци од војната и оцени дека градоначалниците низ целата земја во тој период имале клучна лидерска улога, штитејќи го населението и поддржувајќи ја Армијата.

Но, Виталиј Кличко верува дека кабинетот на претседателот гледа на градоначалниците како пречка за централизацијата на власта.

Тој изјави дека, и покрај тоа што е задолжен за главниот град на Украина, немал ниту еден разговор со Володимир Зеленски од почетокот на руската инвазија.

Kyiv Independent потсетува дека администрацијата на Володимир Зеленски не била премногу задоволна од начинот на кој Виталиј Кличко се однесувал со одбраната на Киев од февруари 2022 година, особено поради лошата состојба на јавните засолништа.