Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата никогаш нема да ги остави Палестинците во Појасот Газа, кои беа подложени на брутални израелски напади во изминатиот месец.
„Наша должност е да ги спасиме нашите палестински браќа од израелското угнетување и да го запреме крвопролевањето што се случува во Појасот Газа пред очите на целиот свет“, кажа Реџеп Таип Ердоган на состанокот во провинцијата Ризе во североисточна Турција.
Претседателот на Турција порача дека земјата ќе продолжи и ќе ги интензивира напорите за градење и зачувување на мирот како во својот регион, така и во областа на пријателските земји од Балканот до Кавказ и Блискиот Исток.
„Наша историска одговорност е да укажеме на злосторствата на оние кои го поддржуваат овој неморален, бескрупулозен, одвратен масакр во Појасот Газа“, заклучи Реџеп Таип Ердоган.