“НЕМА ДА ИМА ОГРАНИЧУВАЊА!“ – Застрашувачка закана по нападот во Либан: “Кој мисли за војна со нас ќе зажали“

Генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала, оцени дека израелското убиство на заменик-лидерот на Хамас во Бејрут е „големо, опасно злосторство за кое тие не можат да молчат“. Нападот на јужен Бејрут во вторникот вечерта, во кој беше убиен Салех ал-Арури, заменик-шефот на политичкиот комитет на Хамас, Хасан Насрала го опиша како – „очигледна израелска агресија“.

Тој му изрази сочувство на Хамас и порача дека ова убиство нема да остане неказнето. Хасан Насрала се закани дека нема да има „ограничувања“ или „правила“ во нивната борба доколку Израел започне војна против Либан

Бејрут, Либан – местото каде што беше убиен Салех ал-Арури

Ако непријателот (Израел) мисли да води војна против Либан, ние нема да следиме никакви правила“, порача Хасан Насрала во говорот одржан преку видео врска за време на митингот по повод четвртата годишнина од убиството на моќниот ирански генерал Касем Сулејмани од страна на Американците во Ирак во 2020 година, пренесува dpa

Засега се бориме на бојното поле со прецизни пресметки, ако непријателот започне војна против Либан, нашата борба ќе биде без граници, ограничувања, правила и контроли… Кој ќе помисли на војна со нас ќе зажали затоа што војната кај нас е силно, многу скапо“, истакна тој. 

Нападот на јужното предградие Дахиех во Бејрут е прв израелски напад врз Бејрут по речиси тримесечни секојдневни престрелки меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област. 

Израел го смета Салех ал-Арури за главен организатор на нападите на Западниот Брег. Израелската Армија не сакаше да го коментира неговото убиство.

Хезболах лансираше ракети преку границата со Израел на 8. октомври како поддршка на Хамас, кој изврши смртоносен напад врз јужен Израел еден ден пред да предизвика силно израелско бомбардирање на Појасот Газа.

Хасан Насрала вели дека „брзата“ реакција на Хезболах на 8. октомври и прекуграничното гранатирање оттогаш спречиле пошироко израелско бомбардирање на Либан и покажале дека способноста на Израел да спречи такви напади „пропаднала“. Во израелските напади загинаа повеќе од 120 борци на Хезболах и повеќе од 20 цивили. Во судирите загинаа најмалку девет израелски војници.

Ова беше трет говор на Хасан Насрала од 7. октомври. 

Хасан Насрала најави дека на 5. јануари повторно ќе и се обрати на јавноста со повеќе детали за акциите на Хезболах на југот.