СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството како многу важен сегмент.
Од една страна, преку бројни капитални инвестиции создаваме подобри услови за лекување на граѓаните.
Само овие неколку денови:
-Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ.
-Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.
-На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите.
-Со инвестиција од 15 милиони денари, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.
-Новата Клиника во Козле, од Институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво.
-Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и други клиники, поликникики и болници ширум државата.
-Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.
Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ.
Тој процес не застана ниту во време на најголема здравствена и економска криза, и затоа во изминатиот период се пуштени во употреба голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата.
Од друга страна СДСМ ги покачи плати за здравствените работници и лекарите.
Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. Така и ќе продолжиме, платите ќе растат во здравството и понатаму.
Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.