Репрезентативецот на Аргентина победи со минимални 1-0 на гостувањето во Бразил во вредниот натпревар за квалификациите за СП 2026 година.
Натпреварот од шестото коло од јужноамериканските квалификации се одигра на стадионот Маракана, а стартот беше одложен за половина час откако избија немири на трибините.
На трибините се судрија аргентинските навивачи и бразилската полиција, а аргентинскиот голман Емилијано Мартинез се вклучи и успеа да удри еден од полицајците.
🚨🇧🇷🇦🇷 Crazy scenes in the stands at Maracanã between Brazilian police and Argentina fans.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 22, 2023
Full footage by @_igorrodrigues 🎥 pic.twitter.com/lF4uzyI8A9
🚨 Emiliano Martinez going against a Brazilian policeman just minutes before… pic.twitter.com/Lj0XdWpzzd
— Eduardo Hagn (@EduardoHagn) November 22, 2023
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси потоа ги одведе соиграчите во соблекувалната во знак на протест и „гаучосите“ не сакаа да играат додека не се гарантира безбедноста на нивните навивачи.
Тензиите се префрлија од трибините на теренот и првото полувреме помина во антифудбалски и бројни тешки фаули, а веќе во воведните минути од натпреварот Габриел Жесус со лакт го удри по глава Родриго де Пол.
Gabriel Jesus semble vouloir s’occuper de Rodrygo De Paul ce soir… 😂👊🏽 pic.twitter.com/u8FvqQpfVZ
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) November 22, 2023
Најдобрата шанса за гол ја имаше Бразил во 58. минута, кога на Хесус одлично му здружи неговиот соиграч Габриел Мартинели кој прекрасно шутираше, но Мартинез направи брилијантна одбрана.
Само пет минути подоцна Аргентина го постигна голот со кој ја донесе победата и трите бода.
Џовани Ло Селсо биеше во корнер од левата страна, Николас Отаменди го прескокна Габриел Магалаес и го победи Алисон Бекер за да доведе до големо славење од Аргентинците.
Otamendi OUT JUMPS Gabriel Magalhaes to score the goal 🥅
— Professor Hamza Treble champion (@mancityhardcore) November 22, 2023
Brazil 🇧🇷 0 Argentina 🇦🇷 1 pic.twitter.com/JX5M8M5u3s
Бразилците го дочекаа крајот на натпреварот со десет играчи бидејќи Џоелинтон доби директен црвен картон поради прекршок.
Аргентина по оваа победа е лидер во јужноамериканските квалификации, додека Бразил со третиот последователен пораз падна на шестото место.