– Кусо време откако израелскиот Кнесет го одобри законот за непријателски медиуми, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека ќе преземе „итна акција“ за да го запре емитувањето на катарската телевизија „Ал Џезира“ во Израел.
– Терористичкиот канал Ал Џезира повеќе нема да емитува програма од Израел. Имам намера веднаш да преземам итна акција согласно новиот закон за да се запре работата на телевизијата во Израел, напиша Нетанјаху на Х.
Израелскиот парламент денеска го одобри законот кој дозволува да се затворат радиодифузерите од странство доколку се смета дека претставуваат ризик за државната безбедност.
Според законот, министерот за комуникации Шломо Кархи може да нареди затворање на телевизиски радиодифузер, конфискација на опремата за емитување, отстранување на радиодифузерот од програмите на провајдерите на кабелска и сателитска телевизија и блокирање на неговата веб-страница.