Нејмар ја изневери својата бремена девојка, па преку Инстаграм ја замоли да му прости

Бразилскиот фудбалер Нејмар ја изневерил својата бремена девојка Бруна Бјанкарди и поради тоа се извини на „Инстаграм“.

Никој од медиумите не објави за неговото изневерување, додека тој самиот не се огласи и јавно не призна.

Очекувано, наместо јасно да се извини и преземе одговорност за своите постапки, суетно потенцира и дека се извинува поради вереницата и “колку таа сакала да биде со него”.

-Ова го правам за вас двајца и за нашето семејство. Го оправдувам она што не може да се оправда. Не морав, но ми требате во нашиот живот. Видов колку многу сте страдале поради сето ова и колку сакаш да бидеш со мене и колку јас сакам да бидам со тебе. Згрешив. Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден, на теренот и надвор од него, но грешките во мојот приватен живот ги решавам дома, во мојата приватност, со пријателите и семејството, започна Нејмар.

На својот профил напиша есеј, заедно со нивна заедничка фотографија.

-Сето ова се случи со луѓе кои се посебни во мојот живот. На жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајката на моето дете. Ова беше удар и за вашето семејство, кое сега е и мое семејство. Бру, јас веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба да го направам тоа вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето треба да биде јавно, напиша Неимар.

На крајот ѝ се обрати и на својата девојка.

-Не можам да се замислам без тебе, не знам дали ова ќе успее, но денес сакам да бидете сигурни дека сакам да се обидам. Нашата цел ќе надвладее, нашата љубов кон нашето дете ќе победи, нашата љубов еден кон друг ќе не направи посилни. Те сакам, заврши Нејмар