Не верувам дека мајката е вмешана, ја познавам од дете: Соседот проговори за исчезнувањето на малата Данка (2)
Жителите на Бањско Поље не се подготвени многу да разговараат со новинарите откако малата Данка Илиќ (2) исчезна во нивното маало. Соседката која порасна со мајката на малата Данка се согласи да каже неколку реченици за српскиот портал Телеграф, бидејќи е повредена од обвинувањата за нејзината другарка од детството.
– Ги познавам мајката и вујкото на девојчето. Пораснавме заедно. Не верувам дека родителите се вклучени. Мајка и’ на Данка ја познавам од мала, инаку е мирна и многу добра жена. Глупаво е да се мисли дека би му го направила ова на своето дете – забележува таа.
Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот на снимањето на видеото, а како што вели нејзината мајка, трагата на девојчето му се изгубила во моментот кога му давала вода на друго дете.
По Данка трагаат од вчера попладне, а на терен има повеќе од 350 луѓе меѓу кои жандармеријата и полицијата, пожарникарите и ГШС.
Јуриќ откри зошто граѓаните веднаш не добиле СМС за исчезнатото дете
Во Србија за првпат е активиран Амбер системот за алармирање наречен „Најди ме“, а информациите за девојчето Данка ќе бидат испратени преку СМС до сите граѓани на Србија со цел да се помогне и да ја алармира полицијата во случај да има информации за исчезнато двегодишно девојче.
Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ денеска во врска со исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањско Поље кај Бор изјави дека со оглед на возраста на детето, полицијата се сомнева дека се работи за киднапирање и дека со пуштање на системот „Најди ме“ во јавноста, ќе даде позитивни резултати.