Николов: Приоритет ќе ни биде изградба на модерен Клинички центар, завршување на Клиничката болница Штип, спојување на Клиниките во еден Клинички центар

За здравството во последните седум години има само една констатација, тоа е во полукоматозна состојба, на апарати.

Власта на СДС и ДУИ со лошо менаџирање го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање наназад за неколку децении.

Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот “ЌЕ” живот реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања. Сведоци сме и на разрешувања и кардовски решенија без никакви критериуми односно чисто партиско влијание кое се определува врз основа на рок на некакви сертификати.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има план преку Платформата за здравствениот систем да го ресетира здравството преку подобрување на три клучни сегменти, а тоа се ефикасност, ефективност и економичност.

Приоритет ќе ни биде зајакнување на здравството во регионите, односно завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница и столб на здравството во источна Македонија.

Приоритет ќе ни биде укинување на дуализмот со врзани потписи и спојување на Клиниките во еден Клинички центар. Приоритет ќе ни биде модерен Клинички центар и подобрување на функционалноста на здравствените институции. Приоритет ќе биде зајакнување на примарното и секундарното здравство.

Ќе ги вратиме едукацијата и обуките во странство, како главен столб на кадровската политика. Овие едукации и обуки беа укинати последните 7 години. Веднаш ќе иницираме законски измени со цел да се вработува најдобриот медицински кадар, во рамки на национална стратегија за здравство. Ќе ги вработуваме и најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта.  

Ќе ги зајакнеме ресурсите на итната медицинска помош и ќе го зголемиме бројот на пунктови на итна медицинска помош.

Важно е да замине оваа Власт, Важно е здравствениот систем да се рестартира преку зајакнување на три круцијални сегменти, а тоа се ефективност, ефикасност и економичност.