НИ БОЛЕСТА НЕМА ДА ГО СПРЕЧИ ДА ОДИ ТАМУ? Зошто Монголија е толку важна за папата Франциско и за Ватикан?
Папата Франциско ја заврши посетата на Конго и Јужен Судан, земји со голема популација на римокатолички верници.
Папата Франциско по враќањето од посетата на Јужен Судан и Конго рече дека очекува да продолжи да патува и покрај
болеста на коленото и изрази очекување дека ќе ја посети Монголија во септември .
За време на вообичаениот разговор со новинарите на враќање од патување во странство, 86-годишниот папа, зборувајќи за своето здравје, се пошегува дека нема да го удри гром. Хроничната болест на коленото го принуди папата да користи инвалидска количка и бастун со месеци.
Папата најави дека ќе го посети Марсеј на 29 септември, а потоа планира да ја посети и Монголија, но дека се уште не е сигурно, пренесе Ројтерс.
Во август минатата година, Папата го назначи италијанскиот надбискуп Џорџо Маренго за прв кардинал со седиште во Монголија, каде што е сместен и администраторот на Католичката црква.
Во Монголија има помалку од 1.500 католици , но тоа е стратешки важно бидејќи се граничи со Кина, каде Ватикан се обидува да ја подобри позицијата на католиците, посочува британската агенција.