Новак Ѓоковиќ без милост за противникот! Србинот фуриозно тргна во лов на Ролан Гарос и 23. Грен слем титула во кариерата

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во второто коло на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ на теренот „Филип Шатрије“ го совлада Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ со резлутат од 3:0, по сетови 6:3, 6:2, 7:6 (7:1) за два часа и 26 минути.

Почетокот на сетот беше изедначен до шестиот гем, кога Новак Ѓоковиќ го направи првиот брејк во натпреварот. Поведе со 4:2, а потоа рутински го водеше сетот до крај и по 35 минути водеше со 1:0.

Очигледно беше дека Новак Ѓоковиќ ги прочита сите идеи на Александар Ковачевиќ во играта, па уште повеќе збесна во вториот сет. Направи брејк на стартот, па уште еден за 4:1, а потоа мирно го приведе сетот до крај.

И во третиот сет стартот беше ист како и во вториот. Веќе во воведниот гем Новак Ѓоковиќ му го одзеде сервисот на ривалот, а потоа го потврди брејкот. Сепак, Александар Ковачевиќ го подигна нивото на својата игра, што резултираше со првиот брејк во натпреварот за 3:3. Но, Новак Ѓоковиќ не чекаше долго за ребро-брејк. Во следниот гем уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот и поведе со 4:3.

Но и тоа не беше доволно. Новак Ѓоковиќ имаше 5:3, но Александар Ковачевиќ повторно успеа да му го одземе сервисот на Новак Ѓоковиќ во моментот кога сервираше за натпреварот дојде до 5:5. Александар Ковачевиќ прв пат поведе на натпреварот со 6:5, а Новак Ѓоковиќ потоа го одведе третиот сет во тај-брејк.

Новак Ѓоковиќ запиша 10 асови и имаше една двојна грешка. 

Новак Ѓоковиќ направи 40 винери и 22 неизнудени грешки, додека неговиот ривал направи 25 винери и 34 неизнудени грешки.