Новак Ѓоковиќ ја консумира оваа храна секој ден и ја смета за најголема тајна на неговата исхрана

Во својата книга „Serve for Victory“ од 2013 година, Ѓоковиќ откри дека новозеландскиот мед од манука е една од најголемите тајни на неговата исхрана, а ја консумира така што секое утро јаде две лажички од овој мед со голема чаша вода на собна температура.

Исхраната на познатите спортисти ги интригира медиумите, а особено често се споменува исхраната на тенисерите кои покажуваат голема издржливост и сила на теренот. Многумина ја припишуваат оваа издржливост на храната што ја јадат, а оброците честопати им се фиксирани. Истото е и со Новак Ѓоковиќ , за кого е познато дека следи диета без глутен поради целијачната болест со која се бори.

Освен тоа, Новак се труди да вклучи што повеќе растителна храна, иако никогаш не се декларирал како веган или вегетаријанец , бидејќи смета дека тоа се „етикети кои се погрешно толкувани“. Сепак, тој истакнува дека основата на неговата исхрана се растенијата, а медиумите пред неколку години пишуваа дека Новак и Јелена Ѓоковиќ апсолутно никогаш не користат вештачки, односно рафиниран шеќер во исхраната.

Тоа не значи дека во нивниот дом нема јаглехидрати. Како што пишува порталот Ocinator, тие избегнуваат преработени шеќери кои ги има во слатките и газираните пијалоци. Но, тоа не значи дека Новак одвреме-навреме не се препушта на слатки – за време на натпреварите во чантата секогаш има урми, овошје кое содржи многу природен и нерафиниран шеќер, но најмногу фруктоза.

Во својата книга „Serve for Victory“ од 2013 година, Ѓоковиќ откри дека новозеландскиот мед од манука е една од најголемите тајни на неговата исхрана, а ја консумира така што секое утро јаде две лажички од овој мед со голема чаша вода на собна температура. Покрај тоа, понекогаш го зема и во текот на денот, како и на теренот помеѓу сериите.

Овој мед има силен вкус, кој најчесто се опишува како „богат, цветен и сложен“, а студија објавена во 2014 година во American Journal of Therapeutics забележува дека експертите истражуваат органско соединение кое потенцијално може да помогне при различни инфекции.

Медот Манука е познат по неговата висока содржина на витамини од Б комплексот, калциум, бакар, железо, магнезиум, калиум, натриум и цинк.

Освен тоа, Новак секое утро пие лимонада за да ги исфрли нездравите материи од телото.

За потсетување, Дејли Мејл неодамна објави дека Новак додал уште еден сегмент во својата секојдневна рутина. Најновиот додаток на дневниот распоред е  20 минути јога и медитација  проследени со вежби за истегнување и дишење за да се опушти телото. Потоа излегува на теренот и почнува да игра тенис.